Sublime Text 2 код едитор
Вистински код едитор за програмер
Убијствен Интерфејс
Искрено кога го инсталирав и го отворив првпат малце ме зачуди. Комплетно црн дисплеј, една панел со мени, и толку. Минимализам.
Мини мапа
Различни видови на преглед на кодот
Команд панел
GO ANYTHING
Мулти селект
Подржка на плагинзи
ZEN CODING
Плагинзи за веб девелопер
Билдери или дебагери
Sublime за да ви отвара веб страна во браузер треба да влезете во Tools > Build system > New Build System и да го внесете следниот код:
За проверка и дебагинг на PHP скриптови можете да направите следен Билдер и дебагер.
Проект
Заклучок
Алексо
Ако пред шест месеци, мене некој ке ми побараше совет кој код едитор да користи, јас би му сугерирал - за Windows - Notepad++, за Линукс - gedit, за Mak - TextMate. Ама денеска ке одговорам за сите -Sublime text 2. И не само затоа што е наменет за повеке платформи, а затоа што има мнооогу моќни карактеристики и плагинзи.
Download: http://www.sublimetext.com/2
License: Free Unlimited Trial (ако го користете повеке време само понекогаш ви се појавува - „ Чим толку долго ме користиш, зашто да не ме купиш?“ - што мислам е доста фер, па и не е лошо ако платата ви дозволува да купите лиценза:) )
Вистински код едитор за програмер
Што и да се каже, но Sublime никогаш не би бил толку популарен ако не беше дизајниран за Windows, Mac и Linux истовремено. Sublime работи под различни системи, и веке не ви треба цела зоолошка градина со различни текст едитори, преферлување од еден интерфејс во друг, да подсеќате на кратенки на тестатурата (а каков кодинг без хоткејови?).
Тајната на кросплатформеност делумно лежи во платформата што ја избрале креаторите на Sublime - напишан комплектно на Python. Со притискање на комбинација на копчиња CTRL+ ~, се повикува комплетна и моќна Python конзола! Со помошта на Python можете "on flow" да го контролирате едиторот: има специално АПИ, кое го користат креатори на плагинзи.
Искрено кога го инсталирав и го отворив првпат малце ме зачуди. Комплетно црн дисплеј, една панел со мени, и толку. Минимализам.
Интерфејсот на Sublime за Windows.
Тоа е тоа, можете да го сакате или да го мразите ама интерфејост е уникален и не личи на никој друг код едитор. За тие кој не ја сакаат црна боја можам веднаш да им кажам - постојат различни шеми кои можат лесно да се ставаат. Како и да е, се гледа дека девелоперите на Sublime вложиле доста креативни идеи, и се потрудиле да направат работата со текстот и кодот да биде максимално ефикасна. Тука нема ништо непотребно, никакви тулбарови, нема никакви гејски копчинја, само кодот и негова намалена проекција(мини мапа) од десна страна на дисплејот. Табовите се како во Chrome, а табовите на текстот и ограничувања на текстот слични се како во Notepad++.
Од старт како колор шема се користи брутална црна, ама има еден куп различни варианти од кои сигурно ке најдете нешто што ке ви се допадне. Осветлувањето на кодот разбира што кога работете со HTML, вам ви е потребно уште осветлувањето и на JavaScript. Едиторот ги подржува осветлување на синтаксис на повеке програмски јазици како: С, С++, С#, CSS, О, Егlапg, HTML, Gгoovy, Haskell, HTML, Java, JavaScгipt , LaTeX, Lisp, Lua, Maгkdowп, Matlab, OCaml, Регl , РНР, Pythoп, R, Ruby, SQL, TCL, Textile и XML. Можете да симнете како плагинзи и за други програмерски јазици.
Мини мапа
Мини мапа е мала панел од десно, која овозможува појасен преглед на кодот. Некој може да праша - шо ке ми е тоа? Епа отворете некој поголем сорс и веднаш се гледа со кој дел на сорсот работите, а и многупати ја олеснува навигација низ сорсот. Ако ефективноста на кодирање ке се зголеми барем за 2 посто, зошто да не ја користите?
Различни видови на преглед на кодот
За тие што посакуваат максимален минимализам има "Distraction Free Mode"(Shift + F11). Е ова е вистинско хардкорд програмирање - Sublime крие се што одвлекува вниманието, ги крие сите елементи од оперативен систем и елементи на едиторот. Само ти и кодот, толку. :)
На дисплеј лесно се вадат и неколку фајлови во исто време - 2,3,4 - само што одберете преку мени (View-Layout) тоа што ви треба. А и лесно можете да се префрлувате од еден во друг фаил со помош на хоткеј.
Ако некогаш сте користеле Мас - и неговиот едитор Textmate, значи знаете колку е тоа кул. Ако не - Command pallete- е супер користна алатка - кој што можете да ја повикате преку мени Tools, или со хоткеј Ctrl+Shift + Р. Не е битно дали сакаш да ставиш некој снипет или макрос, да го трансформираш текстот во КАПСЛОК, тоа се може да се направи преку Command Palette . Само стискаш хоткеј, ги куцаш почетните букви на елементот (например од снипет Try/Except) и Sublime ти покажува сите варианти. 5 минути ти требат за да се навикнеш и кој било снипет се става 33 пати побрзу, одколку што ке чепкаш со глувче низ менито. И да - Sublime го препознава јазикот на кој кодираш и ти покажува снипети само за него. Вреди да се проба - ке видиш колку полесно се пишува кодот и се зголемува брзина.
GO ANYTHING
Ова е друга финта за која вреди да се каже - мислам други едитори можат за неа само да сонуваат. Со ова функција можеш лесно да отидеш во кој било документ, што е отворен или ставен во проект. Се повикува со хоткеј Ctrl+P, понатаму има различни варинти како да ја користеш - можеш да внесеш името на документот за да го отвориш, а резулататот го добиваш веднаш како го внесуваш текстот! Ако тоа не те импресира, слушај понатаму. Сакаш да се преминеш кон ред 10 во отворен документ? Лесно! Само внеси :10! Ако внесеш тараба - се врши едноставно пребарување во отворениот код, и веднаш ти покажува резултат!
Може да се врши пребарување директно низ објектите, функциите и др. во кодот(има и посебен хоткеј - Ctrl+R)... само внеси го @Името_на_функцијата и готово! Механизмот не само што е многу брз, ама и многу интелектуален е:). Насекаде работи аутокомплит. Например ако ке внесеш tp@rf, можеш веднаш да отидеш кон функцијата read_file во отворениот документ text_parser. Тајната на брзото пребарување е тоа што Sublime во програмската позадина ги избира фајловите кои со поголема веројатност ке ги користиш во тек на работата.
Е ова е стварно кул работа. Со два збора - да не правиш 10 исти промени 10 пати, а да правиш 10 промени веднаш! Можеш да го ставиш курсорот во различни места на документот, и тоа што внесуваш ке се се внесува таму кај што ке го стави курсорот! Наједноставен вариант е да стиснеш Alt и после да кликнеш таму каде што треба да го ставиш курсорот. Но најдобар начин да редактираш имињата на функции, променливи, методи - е да го ставиш курсорот на потребен текст и после да притиснеш Ctrl + D. Секое притискање - ново селектирање на истиот текст. Например во кодот имаш искористено 10 пати променлива Foo, а сакаш да и го промениш името на Bear- селектираш еднаш - стискаш Аlt+F3 и Foo се селектира секаде низ кодот, па внесуваш еднаш, а се менува секаде! Стварно не можам да замислам како сум програмирал без ова претходно.
Уште има макроси, со кои можеш да ги запишуваш се што си работел и да го повторуваш колку сакаш. Ако ке отвориш Edit има уште еден куп корисни алатки. И секако има вграден проект Builder, се билдат проекти кои што се напишани на D, Erlang, Haskell, Java, Make, Python,Ruby. Понатаму ке пишам како да направите билдер за PHP.
Можностите на едиторот лесно се надградуваат со плагинзи(се пишуваат на Python). Не се секирај, нема потреба да учиш Python за да напишеш некој плагин, има еден куп готови плагинзи за се и сешто, а и едноставно се инсталираат, а некој се стварно musthave, за нив ке пишам посебно.
Значи вака - прво што треба да се инсталира - е Sublime Package Control, тоа е плагин за инсталирање други плагинзи :). Се инсталира лесно - само треба да ја отвориш Python конзола(Ctrl + ~), и да го внесеш следниот код:
Внесувај внимателно, кодот 100% работи. После рестартот на Sublime влези во Preferences - Package control. После внеси Install - и притисни ентер, ке се појави листа на плагинзи, само треба да прочиташ за што е - и ако ти треба само шибаш ентер и готово, Sublime сам го инсталира плагинзот и ке го стави во потребниот фолдер.
ZEN CODING
За да осетиш целата моќ која ја даваат плагинзи ти препорачувам да инсталираш Zen Coding. Овој плагин реализира многу брзо пишувасе на CSS и HTML кодот. Лесно е да се разбере преку овој едноставен пример, например внесувате нешто слично ко на слика подоле, стискате Таб или Ctrl+ Space и добивате следен код:
Лесно, брзо и ефикасно. Има и други опции и финти и најдобро е да ја посетиш вебстрана на Zen Coding - http://code.google.com/p/zen-coding/ и да прочиташ детално објаснување. Кликни на гифсликата за да видиш како тоа работи.Плагинзи за веб девелопер
Како веб девелопер, инсталирав следни плагинзи:
SublimeCodeIntel - плагин за аутокомлитот на кодот
JQuery Snippets Pack и JsFormat - плагинзи за работа со јаваскрипт
WordHighlinght -покажува сите зборови кои што се исти ко селектиран збор(како во Notepad++)
ThemeSoda - најкул колор шеми за Sublime(светла и темна)
и други, по ваш избор, кога инсталирате некој плагин има краток опис за него во самиот едитор а ако сакате да дознаете нешто повеке - ке ви помогне официалниот форум на проектот(се наога на истата веб страна каде што ке го симнете Sublime).
Sublime за да ви отвара веб страна во браузер треба да влезете во Tools > Build system > New Build System и да го внесете следниот код:
Каде што можете да го изберете патот кон својот омилен браузер ака Chrome, или IE. Директива $file му кажува на Python да го билда отворениот документ. Зачувајте го како ви предлага Sublime. И после со притискање на F7, кога работите со HTML, кодот ке ви се отвара во вашиот пребарувач.
PHPЗа проверка и дебагинг на PHP скриптови можете да направите следен Билдер и дебагер.
Каде во први наводници го пишувате патот кон пхп интерпретатор, следните - тоа со кои параметри да се пушта скриптот(-l параметар значи дека php.exe ке изврши кодот само за проверка на синтактички грешки, за други параметри на Php.exe читајте ја документацијата на пхп), следниот ред кажува како ке се вика временски фајл, а следна е регуларен израз кој што прикажува во Sublime конзола каде е грешката.
Можете да направите свој тотално различен билдер за кој било програмски јазик, ама се надевам тоа што јас направив ке ви помогне да се снајдете за прв пат:).
Проект
Неможам да не пофалам како е реализирана система за проекти. Во проектот комплетно се прави бекапот, вклучувајки сите променети и не зачувани фајлови. Ако треба да се префлиш во друг проект - едноставно се префрлуваш ...:). Преку Goto Anything или од сајдбарот од лева страна. И да го затвориш Sublime - ке си отвори токму на тоа место каде што си го затворил.
За да додадеш нов фаил или фолдер во проект - едноставно го пренесуваш како драг ен дроп во сајдбарот. Ако ке одбереш некој документ преку сајдбар, тој веднаш ти ја покажува содржина (забележи - НЕ го отвара фајлот а само покажува). Стварно шо ке ти e отварање на уште еден 152-и таб, кога сакаш само да ја видиш содржината на датотеката? Ако ке биде потребно да го редактираш - само направи дабл клик и ке се отвори во нов таб.
Има уште многу што би сакал да раскажам за Sublime Text 2 - креирање на снипети, хоткејови, и различни други мали ама битни во програмирање финти. Јас мислам едиторот е фантастичен и ке ти биде една од најкорисните алатки во креирањето на кодот.
Ако имате некои прашања за конфигурација слободно прашајте во коменти, со задоволство ке ви помогнам да го средите Sublime Text 2 токму за себе. Како за мене - јас веќе на можам да замислам како би кодирал без него. Препорачувам.
штета што работиш на micro$oft срање
ReplyDeleteМоже ли да ми кажеш што од оваа нема во еclipse?
ReplyDelete